Сениорската женска репрезентација на Македонија загуби од селекцијата на Чешка во вториот натпревар од групната фаза за пласман на ЕП 2020 во Норвешка и Данса, натпреварот се одигра во СЦ “Борис Трајковски„ во Скопје, во рамки на ЕХФ неделата.
Во вториот натпревар од квалификациите сениорката репрезентација на Македонија загуби со резултат 29:37, на полувреме 14:14.
Натпреварот го почнавме добро и храбро и ниту една од двете репрезентации не успеа резултатски да се одлепи во изедначеното прво полувреме и се замина на одмор со нерешен резултат 14:14.
Во второто полувреме Чешка со одлична игра во нападот и одбраната своето водство го зголемуваше и во 47 минути имаше шест погодоци предност. Селекцијата на Чешка рутински ги одигра последните минути од натпреварот и на крај славеше со конечни 29:37.
За нашиот национален тим најефикасна ракометарка беше Елена Ливриниќсо 12 постигнати погодоци, а 5 погодоци постигна Елена Ѓеорѓиевска, а по 4 постигнаа Гакидова Ивана и Сара Ристовска. За репрезентацијата на Чешка најефикасна ракометарка беше Луси Сатрапова со 11 погодоци, додека Доминика Захова и Маркета Јерабкова постигнаа по 7 погодоци.
Следен противник на Македонија во квалификациите е селекцијата на Португалија.
Фото: Филип Вирановски (Гол.мк)