Драгана Цвијиќ е една од најдобрите пикерки на својата генерација.
Двократна освојувачка на Лигата на шампионите со Будуќност, во 2012 и 2015 година, и светска вицешампионка со Србија во 2013 година, Цвијиќ речиси две децении беше дел од самиот врв на европскиот женски ракомет. На Светското првенство во 2013 година беше избрана и за најдобар пикер.
Посебна врска има и со македонската публика. Во сезоната 2017/18 го носеше дресот на Вардар и со скопскиот клуб стигна до финалето на Лигата на шампионите.
Денес е помошен тренер на женската сениорска репрезентација на Србија, каде своето огромно искуство од теренот го пренесува на новите генерации.
Женски ракометен форум – Охрид 2026
Датум: 26.09.2026 / Локација: Спортска сала „Билјанини Извори“ / Време: 11:00 – 13:30
Панелистки: Индира Кастратовиќ, Андреа Лекиќ, Лидија Хорват, Сузана Лазовиќ и Драгана Цвијиќ
Модератор: Jана Серафимова
Организатор: Ракометна Федерација на Македонија








