МАШКАТА КАДЕТСКА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА Е ПОБЕДНИК НА СВЕТСКОТО УЧИЛИШНО ПРВЕНСТВО

Машката кадетска репрезентација на Македонија одигра одличен турнир на Светското училишно првенство што се одржа во Скопје. Избраниците на Горан Кузманоски го освоија златниот медал, откако во финалето славеа против Израел со 38-32 и сосема заслужено се искачија на врвот.

РК ВАРДАР 1961 Е ОСВОЈУВАЧ НА КУПОТ НА МАКЕДОНИЈА ЗА СЕЗОНАТА 2025/26 ВО МАШКА КОНКУРЕНЦИЈА!

РК Вардар 1961 е освојувач на Купот на Македонија за сезоната 2025/26 во машка конкуренција! РК Вардар 1961 останува рекорден по бројот на освоени трофеи во Купот на Македонија, вкупно 18, откако со 24-23 го победи ГРК Охрид, во финалето одиграно во Струмица. Финалето се одигра во фер, коректна и спортска атмосфера. Честитки до екипата!

ЃОРЧЕ ПЕТРОВ ЖРК ОБЕЗБЕДИ ПЛАСМАН ВО ФИНАЛЕТО НА КУПОТ НА МАКЕДОНИЈА

Ѓорче Петров ЖРК обезбеди пласман во финалето на Купот на Македонија. Во денешниот полуфинален натпревар,Ѓорче Петров ЖРК ја совлада екипата на ЖРК Пелистер 2012 со резултат 37:15. Фотогалерии од натпреварот

МАКЕДОНИЈА – ГЕРМАНИЈА, КВАЛИФИКАЦИИ ЗА WOMEN’S EHF EURO 2026

Женската ракометна репрезентација на Македонија загуби од Германија со 27-35, но остануваме со шанси за пласман на Европското првенство. Кипријановска со 6 гола беше најефикасна во тимот, а Јанкуловска и Стефаноска по четири пати ја тресеа мрежата на Германија.