РАКОМЕТЕН ТУРНИР ЗА ПОМЛАДИ ПИОНЕРИ (У13) – СКОПСКИ РЕГИОН

Ракометната федерација на Македонија организира ракометен турнир за помлади пионери (У13) од Скопскиот регион, со цел поттикнување на спортскиот дух, развој на младите ракометни таленти и промоција на ракометот кај најмладите генерации.

31.10.2026 (сабота) I 10:00 – 17:30 часот I Спортска сала „Расадник“ – Скопје

Младите ракометари ќе имаат можност да ги покажат своите вештини, тимскиот дух и љубовта кон ракометот преку натпревари исполнети со спортски предизвици и дружење.

Во наредниот период, Ракометната федерација на Македонија ќе организира вакви турнири и во останатите региони, со цел да им овозможи на што поголем број млади ракометари да бидат дел од оваа спортска иницијатива.

Ги покануваме сите љубители на ракометот да бидат дел од овој спортски настан и да им дадат поддршка на нашите најмлади ракометни надежи!

Иднината на македонскиот ракомет започнува со најмладите!

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn
Reddit
Pinterest
Email

Останати вести