Ракометната федерација на Македонија продолжува со проектот „Ракометен Караван“, а овојпат ракометната приказна ја носиме во Струга!
25 септември 2026 (петок) / 12:00 – 14:00 часот / Спортска сала „Тими“ – Струга
Со нас ќе бидат познати имиња од македонскиот ракомет – Марио Танкоски, Теодора Гулицоска и Гоце Ојлески, кои ќе го споделат своето искуство и љубовта кон ракометот со најмладите.
А не очекува и специјален гостин!
Продолжуваме заедно да го доближуваме ракометот до младите и да ја шириме ракометната приказна низ Македонија.
Ракомет – нашата игра, нашиот свет






