СОБИР НА ЖЕНСКАТА СЕНИОРСКА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА

Денес, 21 септември, во 09:00 часот, во просториите на Ракометната федерација на Македонија се одржа собир на женската сениорска репрезентација.

На собирот присуствуваше генералниот секретар на РФМ, г. Влатко Тасевски, а беше одржан и првиот официјален состанок на репрезентативките со новиот селектор Игор Марковиќ.

По состанокот, репрезентацијата отпатува за Охрид, каде ќе ги продолжи подготовките во пресрет на настапот на „Трофеј Македонија 2026“

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn
Reddit
Pinterest
Email