Ни претстои уште една свечена вечер посветена на македонскиот ракомет, спортските достигнувања и најдобрите поединци кои оставија белег на ракометната сцена.
Со особена чест и задоволство, Ракометната федерација на Македонија ја најавува гала-вечерта „Ракометари на годината 2026“.
10.12.2026 (четврток) I 19:30 часот
Спортска сала „Расадник“ – Скопје
Во присуство на истакнати имиња од ракометната сцена, спортски работници и гости од јавниот живот, ќе им оддадеме признание на најдобрите ракометари и ракометарки, славејќи ги нивниот труд, посветеност и постигнати успеси.
Вечер исполнета со емоции, признанија и аплаузи за оние кои ја испишуваат приказната на македонскиот ракомет!
Заедно ја славиме ракометната извонредност!






