Успешен старт во квалификацискиот циклус за сениорската женска репрезентација

Успешен старт во квалификацискиот циклус за сениорската женска репрезентација

Репрезентацијата на Македонија со победа ги започна квалификациските натпревари за обезбедување бараж натпревар за пласман на СП 2019.

Во првото коло репрезентацијата на Македонија поуспешна од репрезентацијата на Азербејџан со резултат 41:22, на полувреме 18:08.

Сениорките уште во првото полувреме со успешната игра во нападот стекнаа резултатска предност од 10 погодоци.

Во второто полувреме репрезентацијата ја одржуваше својата предност за на крај да бидеме поуспешни од Азербејџан со резултат 41:22.

Официјален записник од натпреварот.

За репрезентацијата на Македонија листата на стрелци ја предводеше Сара Ристовска со 11 погодоци, потоа Јована Саздовска со 5 погодоци, за репрезентацијата на Азербејџан најефикасна ракометарка беше Танкаскаја Марина со 6 погодоци.

Следен натпревар на Македонија е утре во 18:00 часот против селекцијата на Исланд.

Ракометната Федерација Ве поканува повторно да дадаеме подршка на женската ракометна репрезентација.

 

Фото: Гол.мк

Сподели:
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати вести