По барање на Генералниот секретар на Ракометната федерација на Македонија, г-дин Влатко Тасевски, денес во просториите на Ракометната федерација на Македонија се одржа состанок со ракометните судии од Скопје, со главен фокус на реактивирање и воспоставување функционален Скопски судиски збор, унапредување на меѓусебната комуникација и координација, како и поттикнување на професионалниот развој на судискиот кадар.
Заедно за посилна, поорганизирана и пофункционална судиска заедница!








