СООПШТЕНИЕ ДО РАКОМЕТНИТЕ КЛУБОВИ

Ракометната федерација на Македонија, со цел поттикнување на развојот и популаризацијата на ракометот кај најмладите категории, планира организирање на турнирски натпреварувања во категоријата помлади пионери У13, за деца родени во 2014 и 2015 година.

Во таа насока, ги повикуваме сите заинтересирани ракометни клубови најдоцна до среда, 21.10.2026 година, да достават пријава со следните информации:

* Назив на ракометниот клуб;

* Број на екипи со кои клубот планира да учествува;

* Број на деца по генерација У13 (2014 и 2015 година) (со име и презиме и датум на раѓање)

* Јасно наведување дали станува збор за машки или женски екипи, со посебно прикажан број на деца за секоја категорија.

Првиот турнир е планирано да се одржи на 31.10.2026 година во Скопје, по што е предвидено натпреварувањата да продолжат со организација на турнири и во други градови низ Македонија.

Дополнително, со цел создавање услови за вклучување и на најмладите ракометари, ги повикуваме клубовите да достават информации и за бројот на деца родени во 2016 година и помлади, кои би биле заинтересирани за учество во активности и турнири во категоријата мини ракомет. И за оваа категорија потребно е одделно да се наведе бројот на машки и женски деца.

Пријавите потребно е да се достават најдоцна до 21.10.2026 година на следните електронски адреси:

До (To): handball@macedonianhandball.com.mk

Копија (CC): mirkulovski@macedonianhandball.com.mk и ivan_iosifovski@outlook.com

Врз основа на доставените пријави, Ракометната федерација на Македонија ќе пристапи кон утврдување на форматот, распоредот и начинот на организација на натпреварувањата, за што клубовите ќе бидат дополнително известени.

Веруваме дека преку ваквиот начин на натпреварување ќе овозможиме поголема вклученост на децата, стекнување натпреварувачко искуство и создавање позитивна спортска атмосфера, со што заеднички ќе придонесеме за развојот на младинскиот ракомет во Македонија.

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn
Reddit
Pinterest
Email