Женската сениорска репрезентација на Македонија го заврши настапот на меѓународниот пријателски турнир во Анкара со максимален учинок, совладувајќи го домаќинот Турција со резултат 30-27, откако и на полувремето водеше со 16-15.
Најдобри стрелци во македонскиот состав беа Сара Ристовска со шест, Јована Кипријановска со пет и Бојана Коцева со четири погодоци. По трипати погодија Теодора Дукоска и Катерина Дамјаноска.
Со три победи во три натпревари, над Финска, Италија и Турција, нашите ракометарки го освоија првото место на турнирот. Овој турнир е одлична увертира во пресрет на Европското првенство 2026 во Романија, каде Македонија ќе игра против домаќинот, Швајцарија и Норвешка.
Честитки до нашите ракометарки и стручниот штаб за постигнатиот успех! НАПРЕД МАКЕДОНИЈА!







