Женската сениорска ракометна репрезентација на Македонија оствари победа над селекцијата на Финска со резултат 31:24, во рамки на подготвителниот турнир во Анкара, Турција.
Наjдобри стрелци во македонскиот состав беа Сара Ристовска со шест гола и Емилиjaна Ризоска со пет погодоци, а по четири пати стрелаа Мариja Jaнкуловкса, Joвана Киприjaновска и Ивана Гакидова.
Одличен резултат во пресрет на претстојното Европско првенство 2026!
Честитки до нашите ракометарки и стручниот штаб!
Утре во второто коло од турнирот во Анкара следува битка со Италиja од 14:30 часот.
НАПРЕД МАКЕДОНИЈА!







