Сениорките победнички ја обележаа ЕХФ неделата

Сениорките победнички ја обележаа ЕХФ неделата

Женската сениорска репрезентација на Македонија во рамки на ЕХФ неделата оддигра два контролни пријателски средби против репрезентацијата на Велика Британија.

Во двете средби славеше нашата сениорска селекција која беше составена од ракометарки кои настапуваат во домашното првенство.

Во првата средба која се оддигра во СЦ Јане Сандански која беше од затворен карактер за јавноста, нашите ракометарки славеа убедливо, односно резултатот гласеше 36:17.

Во втората средба која се оддигра во СС Автокоманда која беше од отворен карактер за јавноста, нашите ракометарки славеа уште една убедлива победа против селекцијата на Велика Британија, односно резултатот по оддиграни 60 минути беше 37:19.

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести