ВИ ГИ ПРЕТСТАВУВАМЕ ПАНЕЛИСТКИТЕ НА ПРВИОТ ЖЕНСКИ РАКОМЕТЕН ФОРУМ

Од олимписките терени до улога зад репрезентацијата – Лидија Хорват.

Борбеност и несовладливост во одбраната. Икона на хрватскиот женски ракомет, со успешна репрезентативна кариера но и клупска – како дел од неколку ракометни брендови во Европа.

По завршувањето на кариерата во 2020 година, активно учествува во создавањето на женска ракометна иднина, во улога на директор на младите женски репрезентации на Хрватска.

Женски ракометен форум – Охрид 2026

Датум: 26.09.2026 / Локација: Спортска сала „Билјанини Извори“ / Време: 11:00 – 13:30

Панелистки: Индира Кастратовиќ, Андреа Лекиќ, Лидија Хорват, Сузана Лазовиќ и Драгана Цвијиќ

Модератор: Jана Серафимова

Организатор: Ракометна Федерација на Македонија

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn
Reddit
Pinterest
Email