Сениорите со трета победа во квалификациите за Men’s EHF EURO 2022

Сениорите со трета победа во квалификациите за Men’s EHF EURO 2022

Денес во националната спортска сала во Луксембург се одигра натпревар од петтото коло во квалификациите за пласман на Men’s EHF EURO 202 помеѓу сениорските машки селекции на Луксембург и Македонија.

Ракометарите на Луксембург го имаа почетното водство на натпреваротот преку Кајсе. Ракометарите на Луксембург водството од два погодока го одржуваа се до 10-тата минута од натпреварот, а потоа и Македонија да го запише и првото водството на натпревараот преку трите погодоци на Филип Талески. Ракометарите на Македонија водството го одржуваа до крајот на полувремето.

Ракометарите на Македонија во второто полувреме постојано имаа контрола на натпреварот и резултатот, а најголето водство го имаа во 49-тата минута од натпреварот преку Ненад Костески за резултат 18:25. Победата на македонската репрезентација не беше доведена во прашање и на крај ракометарите на Македонија славеа со резултат 23:28.

Најефикасен ракометар за нашата селекција беше Филип Талески со осум постигнати погодоци, следеше Серафимов со четири, а по три погодоци постигнаа Кузмановски, Костески и Пешевски.

Следен натпревар на сениорската селекција е против Турција во Скопје на 30.04.2023 г. во СЦ Борис Трајковски со почеток во 18:00 часот.

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести