Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Раководството на Ракометната федерација на Македонија, денес оствари средба со сениорките и со стручниот штаб на женскиот сениорски национален тим. Непосредно по враќањето на женската ракометна репрезентација од Баку, која во рамки на квалификацискиот циклус за пласман на ЕП, триумфирајќи над домаќините на теренот, извојува пласман на овогодинешното Европско првенство во ракомет за жени кое ќе се одржи Австрија/Унгарија/Швајцарија во периодот 28.11-15.12.2024 година.

Претседателот Мукаетов се заблагодари на ракометарките и на стручниот штаб за севкупното залагање и придонес за пласманот, напоменувајќи дека во овој квалификациски циклус се отиде чекор напред, покажаа дека вредат и местото им е учество на завршниот континентален турнир. Имајќи предвид дека женската ракометна репрезентација успеа да се пласира на ЕП преку квалификации по цели 12 години, УО на РФМ претходно донесе одлука за пласманот на ЕП женската национална селекција да добие награда во износ од 2 милиони денари.

Ова е седмо континентално учество, а второ последователно на женската национална селекција на најсилното континентално натпреварување, откако во 2022 година Скопје беше домаќин на Европското првенство во ракомет за жени, а Европската куќа на ракометот објави дека на 18-ти април во Виена, во 18 часот ќе биде извлекувањето на групите.

Последниот натпревар од квалификацискиот циклус со селекцијата на Литванија, ќе се одигра на 7 април (недела) од 18 часот во СЦ „Борис Трајковски” , а влезот во салата е слободен.

Ве повикуваме да дадеме поддршка на девојките и заеднички да го прославиме пласманот на ЕП 2024.

Со почит,

Ракометна Федерација на Македонија

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

Известување

Почитувани љубители на ракометот, Бидете информирани дека по барање на ракометните клубови учесници