Пријателски натпревар Македонија – Грузија 25:21

Пријателски натпревар Македонија – Грузија 25:21

Сениорската репрезентација на Македонија одигра пријатески натпревар во СЦ Борис Трајковси против репрезентацијата на Грузија. Натпреварот заврши со победа за Македонија 25:21, на полувреме 12:12.

Грузија се покажа како тврд орев, во одредени периоди Македонија имаше водство и од пет гола разлика, но на крајот поголемото искуство и индивидуален квалитет на Македонија беше пресуден. Почетокот на натпреварот запоцна со водство на гостинската екипа, но Македонија брзо ја презема контролата, и по 7 минути игра имаше водство од 4-2, потоа профункционира одбраната на Македонија. Добрата игра во дефанзивната зона ни донесе неколку шанси за контра напад и лесен гол и пет минути подоцна Македонија водеше со 7-2. Водството до крајот од полувремето не беше задржано, репрезентацијата на Грузија успеа да се врати во натпреварот и на одмор да се замине нерешено 12:12.

Второто полувреме започна одлично за нашата репрезентација и поведовме со 15-12, но репрезентацијата на Грузија повторно го анулира нашето водство и во 41 минута изедначи на 17-17. До крајот на натпреварот репрезентацијата на Македонија успеа да го врати водство и на крај да слави победа од 25:21.

Пешевски, Велковски и Поповски постигнаа по четири погодоци за Македонија, додека за Грузија најефикасен ракометар беше Шковебадзе со девет погодоци, потоа Орјоникидзе со пет.

Денес во 16:00 часот Македонија во СЦ Борис Трајковски ќе одигра уште еден пријателски натпревар против Грузија.

Да дадеме поддршка на нашата репрезентација, влезот е слободен.

mkd - Gruzija 1 MKd - gruz mkd - gruzuja

Фото: Филип Вирановски (Гол.мк)

Сподели:
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати вести

Информација

Почитувани спортски пријатели, Ве известуваме дека за ракометниот натпревар во рамките на ЕХФ

Информација до медиуми

Почитувани претставници на медиумите, Ракометната Федерација на Македонија Ве информира дека апликациите за акредитации