Македонската ракометна репрезентација ги загуби шансите за пласман во главната фаза на Европското првенството по вечерашниот пораз од 28-24 од Црна Гора во рамки на 2.коло од Групата А.
Нашите ракометари лошо го отворија натпреварот и никако не можеа да се вратат во игра ниту пак да ја повторат играта од претходната пресметка со Словенија.
Тргнавме со негатива од 0-4 и 1-5. Црногорците одржуваа предност од три до четири голови разлика, а во 15-тата минута од натпреварот го имаа и најголемото водство од пет погодци разлика. Со поогранизирана и поцврста игра во одбраната ракометарите успеаа да го намалат водствот на противникот за -1 или 16-17, и со тој резултат се замина на полувреме.
Само еднаш го израмнивме резултатот на 17-17 на стартот на вториот дел, а потоа повторно нашиот ривал го контролираше натпреварот до самиот крај. Многуте технички грешки придонесоа за втор пораз на континенталниот турнир, овој пат од 24-28.
Мартин Велковски со шест погодици беше најефикасен во нашиот табор, Цветан Кузманоски имаше пет, Филип Кузмановски и Мартин Серафимов по три гола, два пати во листата на стрелците се запишаа Филип Миркуловски и Жарко Пешевски.
Никола Митревски на голот имаше 10 интервенции, додека Мартин Томовски собра пет одбрани.
Во понеделник го играме последниот натпревар во групата против реперзентацијата на Данска.