Пораз од Шведска во првиот квалификациски натпревар за пласман на ЕУРО 2020

Пораз од Шведска во првиот квалификациски натпревар за пласман на ЕУРО 2020

Сениорската женска репрезентација на Македонија загуби од селекцијата на Шведска во првиот квалификациски натпревар за пласман на ЕУРО 2020 во Норвешка и Данска.

Во првиот натпревар одигран во Никопинг, Шведска сениорката репрезентација на Македонија загуби со резултат 35:26, на полувреме 20:13.

Ракометарките на Шведска уште од самиот старт на мечот наметнаа силно темпо на игра, по одиграни десет минути од натпреварот репрезентацијата на Шведска успеа да стекне 3 голови предност, а по 20 минути игра и да стигнат од максимални 5, водство кое не го испуштија до крајот од полувремето 20-13.

Во второто полувреме Шведска повторно со одлична игра во нападот и одбраната своето водство го зголемуваше и во 45 минути имаше двоцифрена предност. Конечниот резултат од натпреварот е 35:26 за Шведска.

Официјален записник од натпреварот

За нашиот национален тим најефикасна ракометарка беше Сара Ристовска со 5 постигнати погодоци, а по 4 погодоци постигнаа Симона Стојановска и Елена Ливриниќ. За репрезентацијата на Шведска најефикасна ракометарка беше Петрен Мелиса со 7 погодоци.

Следен натпревар на Македонија е во сабота против репрезентацијата на Чешка. Натпреварот почнува во 18:00 часот во СЦ “Борис Трајковски”, а влезот е слободен.

Foto: Christoffer Borg Mattisson / Svenska Handbollslandslaget
Foto: Christoffer Borg Mattisson / Svenska Handbollslandslaget
Foto: Christoffer Borg Mattisson / Svenska Handbollslandslaget
Foto: Christoffer Borg Mattisson / Svenska Handbollslandslaget
Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

Информација

Почитувани, Согласно член  32, 34, 35, 38, од Статутот на Ракометната Федерација на