Пораз од Норвешка на WOMEN’S 19 EHF EURO 2023

Пораз од Норвешка на WOMEN’S 19 EHF EURO 2023

Младинската женска селекција на Македонија запиша уште еден пораз на WOMEN’S 19 EHF EURO 2023.

Селекцијата на Норвешка славеше на натпреварот кој е дел од следната фаза во која се натпреварува нашата младинска селекција, а ќе оддига уште еден натпревар против репрезентацијата на Србија, а потоа ќе оддигра натпревари за конечен пласман на WOMEN’S 19 EHF EURO 2023.

Вечерашниот натпревар започна одлично за нашата селекција преку Ива Младеновска која го отвори резултатот а веднаш потоа во записникот се запиша и Емилијана Ризоска. Ракометарките на Македонија почетното водство одржуваа во текот на целото прво полувреме и успешно оддолеваше на нападите на противниците. Најдобри поединци во првото полувреме за нашата репрезентација беа Ангела Јанкуловска која постигна пет погодоци и Марија Јовановска која запиша шест интервенции.

Второ полувреме започна спротивно од првото за нашата репрезентација, многу грешки во нашата игра кои беа казнувани од страна на противникот. Ракометарките на Норвешка во тие моменти имаа серија од 2:10, и го имаа првото сериозно водство на натпреварот. Ракометарките на Македонија преку Коцева, Дукоска, Јанкуловска кои постигнуваа погодоци пробуваа да се вратат резултатски во игра , но сепак на крајот славеа ракометарките на Норвешка со резултат 23:29.

Најефикасен играч на натпреварот беше Ангела Јанкуловска која постигна 9 погодоци, додека за противникот најефикасена ракометарка беше Пиа Гронштад со 6 погодоци.

За младинките следи натпревар против Србија на 12.07 во 12:00 часот, а потоа натпреварите за конечен пласман на WOMEN’S 19 EHF EURO 2023.

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

Известување

Ракометната Федерација на Македонија по претходно донесена одлука на Управниот Одбор, денес (14.11.2024