ПОЧНА ПРОДАЖБАТА НА ВЛЕЗНИЦИТЕ ЗА НАТПРЕВРОТ НА МАШКАТА СЕНИОРСКА РАКОМЕТНА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА СО СЕЛЕКЦИЈАТА НА ИСЛАНД

ПОЧНА ПРОДАЖБАТА НА ВЛЕЗНИЦИТЕ ЗА НАТПРЕВРОТ НА МАШКАТА СЕНИОРСКА РАКОМЕТНА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА СО СЕЛЕКЦИЈАТА НА ИСЛАНД

Ракометната Федерација на Македонија ги известува љубителите на ракометот дека сениорската селекција во недела (14.04.2019 г.), со почеток во 20:00 часот во Арена „Борис Трајковски“ во Скопје, ќе го одигра четвртиот натпревар од Квалификациите за ЕП 2020 против селекцијата на Исланд.

Продажбата на влезници за натпреварот започнува денес (03.04.2019 г.) , на сите продажни места на МК Тикетс низ државата, а влезници можат да се купат и online на интернет-страницата на МК Тикетс.

[Продажна мрежа – МК Тикетс]

Влезниците се продаваат по ценa од 100 денари (горни трибини) и 200 денари (долни трибини – партер).

Сениорската машка репрезентација во втората фаза од Квалификациите за ЕП 2020 ја започнува во среда (10.04.2019 г.) со натпревар на гостински терен против Исланд во Рејкјавик, веднаш по завршувањето на таа средба нашата репрезентација се враќа во Скопје за одигрување на реваншот против Исланд во недела од 20:00 во СЦ „Борис Трајковски“.

Во третата квалификациска група за ЕП 2020 во моментов сениорите се на второто место од табелата, каде Исланд е на првото место , а третото односно четвртото место се селекциите на Грција и Турција .

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

ИНФОРМАЦИЈА

Почитувани, Женската сениорска национална селекција , во рамки на квалификацискиот циклус Women’s EHF EURO 2024