Македонија во група со Португалија, Турција и Луксембург во квалификациите за EHF EURO 2024

Македонија во група со Португалија, Турција и Луксембург во квалификациите за EHF EURO 2024

Сениорската машка репрезентација на Македонија е дел од група 1 заедно со репрезентациите на Португалија, Турција и Луксембург во квалификациите за пласман на Европското Првенство 2024 кое ќе се одржи во период од 10 – 28 Јануари 2024 година во Германија.

Денес во Берлин, Германија се одржа извлекувањето на квалификациските групи за пласман на EHF EURO 2024. Македонија беше извлечена од вториот шешир во Групата 1 заедно со селекциите на Португалија, Турција и Луксембург. Пласман на EHF EURO 2024 обезбедуваат првите две репрезентации од сите групи, како и четири најдобро рангирани репрезентации кои ќе завршат на третото место во групите.

Група 1: Португалија, Македонија, Турција, Луксембург
Група 2: Норвешка, Србија, Словачка, Финска
Група 3: Исланд, Чешка, Израел, Естонија
Група 4: Австрија, Украина, Романија, Фарски Острови
Група 5: Хрватска, Холандија, Грција, Белгија
Група 6: Унгарија, Швајцарија, Литванија, Грузија
Група 7: Словенија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Косово
Група 8: Франција, Полска, Летонија, Италија

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

Известување

Почитувани, Ве известуваме дека Управниот Одбор на Ракометната Федерација на Македонија, согласно Член

Информација до медиуми

Почитувани претставници на медиумите, Ракометната Федерација на Македонија Ве информира дека апликациите за

Известување

Почитувани, Согласно член  32, 34, 35, 38, од Статутот на Ракометната Федерација на