ИСКРЕНИ ЖЕЛБИ ЗА СРЕЌЕН ПОЧЕТОК!

Женските ракометни сениорки во пресрет на EHF EURO 2022

Раководството на Ракометната федерација на Македонија, денес имаше средба со сениорките и со стручниот штаб, во пресрет на почетокот на Европското првенство во ракомет за жени, кое ќе се одржува во Скопје, Љубљана, Целје и Подгорица, од 4 – 20 ноември годинава.  

„ Сѐ што треба да направите, е да верувате во себе, да верувате во тимот, да бидете посветени и да се борите до крај. Без калкулации и без потклекнување и предавање пред фаворитите, а со борба за секоја топка!“, истакна Мукаетов во своето обраќање пред сениорките и стручниот штаб, потенцирајќи дека Ракометната федерација стои цврсто позади нив и со безусловна поддршка, а со само едно барање – игра со срце на терен.

Ракометарките изразија благодарност за вложените напори на македонската куќа на ракометот – за можноста да играат европско првенство на домашен терен, а со тоа и да го вратат сјајот на женскиот ракомет во земјава.

Женското ЕХФ Европско првенство 2022 се одржува под слоганот  #PLAYWITHHEARТ, а Скопје после цели 14 години повторно ќе биде домаќин на европската ракометна елита.

Арената „Борис Трајковски“ е со комплетно обновена спортска инфраструктура, по терк на високите ЕХФ стандарди, наскоро ќе ги пречека екипите кои играат во групата Ц и во главната рунда,.

Натпреварите од групата Ц, македонската селекција ќе ги одигра против репрезентациите на Франција (05.11.2022), Холандија (07.11.2022) и Романија (09.11.2022).

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

ИНФОРМАЦИЈА

Почитувани, Женската сениорска национална селекција , во рамки на квалификацискиот циклус Women’s EHF EURO 2024