Ракометна Федерација на Македонија е организатор на меѓународен квалификациски турнир (прва фаза) Група 4, за обезбедување пласман за бараж натпревари за СП Јапонија 2019.
Светското првенство во сениорска женска конкуренција ќе се одржи во Јапонија кон крајот на ноември и почетокот на декември 2019 година. .
Во група 4 , противници на женската сениорска ракометна репрезентација на Р. Македонија се репрезентациите на Азербејџан, Исланд и Турција.
Квалификациските натпревари ќе се одржат во Спортски Центар Борис Трајковски со следнинот распоред:
30.11.2018 (петок)
18:00 часот Македонија – Азербејџан
20:00 часот Турција – Исланд
01.12.2018 (сабота)
18:00 часот Исланд – Македонија
20:00 часот Азербејџан – Турција
02.12.2018 (недела)
18:00 часот Исланд – Азербејџан
20:00 часот Турција – Македонија
Првопласираната репрезентација од квалификациската група ќе обезбеди учество во бараж натпреварите (втора фаза ) кои ќе се играат во јуни 2019 годинакако и втората најдобро рангирана селекција од сите четири групи.
Влезот за натпреварите е слободен.
Ракометна Федерација на Македонија ги поканува сите љубители на ракометот да ја бодрат женската сениорска репрезентација на претстојните квалификациски натпревари.