ИНФОРМАЦИЈА

Почитувани,

Женската сениорска национална селекција , во рамки на квалификацискиот циклус Women’s EHF EURO 2024 Qualifiers  собирот го започнува на 25.02.2024 год.(недела), ќе се одиграат двата натпревари со селекцијата на Шпанија предвидени од квалификациската група, првиот ќе се одигра во СЦ Борис Трајковски на 29.02.2024 година (четврток) со почеток во 18.00 часот (влезот е слободен), додека вториот натпревар ќе се одигра во Ланзароте (Шпанија) на 03.03.2024 година во 17.00 часот.

Дополнителнo во рамки на подготовките на машките националните селекции, Ве информираме дека во периодот на EHF неделата 11.03 – 17.03.2024 година ќе се одиграат контролни натпревари. Машката сениорска репрезентација ќе биде гостин на селекцијата на Романија,  двата натпревари ќе се одржат во градот Браила на 15-ти и 16-ти март 2024, како подготовка за бараж натпреварите со селекцијата на Фарски Острови. Машката јуниорска репрезентација во рамки на подготвителниот период за претстојното EHF EURO М20 2024 Slovenia, за време на EHF неделата ќе биде домаќин на селекција на Хрватска и ќе одигра два натпревари во Скопје на 15-ти и 16-ти март 2024, додека машката кадетска репрезентација во пресрет за претстојното EHF EURO М18 2024 Montenegro, за време на EHF неделата ќе гостува во Црна Гора и со кадетската селекција на Црна Гора ќе одигра два контролни натпревари на ден 14ти и 15-ти март.

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

Известување

Почитувани љубители на ракометот, Бидете информирани дека по барање на ракометните клубови учесници