Машката сениорска ракометна репрезентација на Македонија е дел од вториот шешир на извлекувањето на квалификациските групи за пласман на Men’s EHF EURO 2026 во Данска , Шведска и Норвешка.
Во квалификациите за пласман на Men’s EHF EURO 2026 ќе учестуваат 32 репрезентации, а 20 репрезентации ќе обезбедат учество на Men’s EHF EURO 2026.
Пласирани репрезентации на Men’s EHF EURO 2026 се Данска, Шведска и Норвешка (организатори на ЕП) и шампионот од претходното Европско Првенство селекцијата на Франција.
ЕХФ Квалификациите за ЕУРО 2026 ќе се играат во 8 групи по 4 екипи; прво и второ рангираниот тим од секоја група како и 4-те најдобри третопласирани екипи ќе се квалификуваат на завршниот турнир.
Репрезентациите се поделени во четири шешири според соодветните машки национални тимови на ЕХФ рангирање:
Шешир 1: Германија, Шпанија, Унгарија, Хрватска, Исланд, Словенија, Португалија, Холандија
Шешир 2: Австрја, Црна Гора, Србија, Полска, Чешка, Македонија, Фарски Острови, Грција
Шешир 3: Босна и Херцеговина, Словачка, Белгија, Швајцарија, Романија, Литванија, Украина, Италија
Шешир 4: Финска, Израел, Естонија, Грузија, Турција, Луксембург, Косово, Латвија
Извлекувањето ќе се оддржи на 21.03.2024 во 18:30 часот во Копенхаген.