СЕЛЕКТОРОТ НА МАШКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА М-16 ГО ОБЈАВИ СПИСОКОТ НА РАКОМЕТАРИ ЗА СОБИР ЗА ПРЕСТОЈНИОТ РЕГИОНАЛЕН ТУРНИР ВО ЦРНА ГОРА

Селекторот на машката репрезентација М-16, г-дин Никола Матлиески го објави списокот на ракометари за собир за престојниот регионален турнир во Црна Гора.

СПИСОК НА ПОВИКАНИ РАКОМЕТАРИ ОВДЕ

СОБИРОТ ЌЕ СЕ ОДДРЖИ НА 03.11.2026 Год. (ВТОРНИК) ВО 10.00 ЧАСОТ ВО С.С “РАСАДНИК”, СКОПЈЕ

СООПШТЕНИЕ

Ракометната федерација на Македонија, во рамки на својата стратегија за развој на младинскиот ракомет и создавање поширока база на перспективни ракометари, воведува нов начин на организација во процесот на селекција на пионерската машка репрезентација.

За таа цел, пионерската селекција е поделена на два региона – Југозападен и Североисточен, со цел да се овозможи поквалитетно следење и проценка на младите ракометари од целата држава.

Во рамки на меѓународниот регионален турнир У16, на кој Македонија учествува заедно со репрезентациите на Црна Гора и Косово, предвидени се три турнири кои ќе се одржат во секоја од земјите учеснички.

Првиот турнир ќе се одржи во Црна Гора, во рамки на ЕХФ неделата во ноември 2026 година, на кој Македонија ќе настапи со ракометари од Југозападниот регион.

Вториот турнир е предвиден за јануари 2027 година во Македонија, на кој можност за настап ќе добијат ракометарите од Североисточниот регион, додека третиот турнир ќе се одржи во Косово каде што ќе се настапи со најдобрата пионерска селекција.

Основната цел на ваквиот начин на селекција е селекторот и стручниот штаб да добијат што поцелосна и пореална слика за потенцијалот и квалитетот на ракометарите од двата региона.

Дополнително, оваа генерација на ракометари (У16) ќе учествува и на Медитеранските игри, кои ќе се одржат во Скопје од 18 до 25 април 2027 година. Овој меѓународен настап претставува уште една значајна можност за стекнување натпреварувачко искуство и понатамошен развој на младите репрезентативци.

По завршувањето на регионалните турнири, стручниот штаб ќе има можност да направи сеопфатна анализа и проценка на ракометарите, што ќе претставува основа за понатамошното формирање на единствена пионерска репрезентација на Македонија и подготовките за претстојните меѓународни натпреварувања.

Со ваквиот начин на работа, Ракометната федерација на Македонија има за цел да обезбеди поголема вклученост, пошироки можности за докажување и систематско следење на младите ракометни таленти, со долгорочна цел создавање квалитетни репрезентативци за идните младински и сениорски национални селекции.

Ракометна федерација на Македонија

ПРЕВЗЕМИ ОВДЕ

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn
Reddit
Pinterest
Email