Младинската машка репрезентација на Македонија во рамки на ЕХФ неделата забележа две победи против репрезентацијата на Турицја.
Нашата младинска репрезентација во првиот пријателски натпревар кој се оддигра на 03.11 славеше убедлива победа со резултат 34:19, а најефикасни ракометари за нашата репрезентација беа Петковски Александар кој постигна шест погодоци, а браќата Тодор и Димитар Узунчев постигнаа по четири.
Ден подоцна се оддигра и вториот пријателски натпревар помеѓу младинските селекции на Македонија и Турција, во кој нашата селекција беше поуспешна. Резултатот по 60 минути игра беше 27:23 за Македонија.
Пријателските натпревари на нашата младинска репрезентација се дел од подготвителниот период за настап на ЕХФ ЕУРО 2024 во Словенија.