Сениорската машка ракометна репрезентација во периодот од 10 до 28 Јануари ќе настапи на Европско првенство во Германија, а денеска на извлекувањето во Дизелдорф – Германија ги доби противниците групната фаза.
Македонија се најде во Групата А, заедно со селекциите на Германија, Франција и Швајцарија , во ситуација каде двете најдобро-пласирани селекции од групата обезбедуваат учество во понатамошната фаза на ЕП.
Европско првенство, Унгарија и Словачка (13.01 – 30.01.2022):
Група A: Франција, Германија, Македонија, Швајцарија
Група Б: Шпанија, Австрија, Хрватска, Романија
Група Ц: Исланд, Унгарија, Србија, Црна Гора
Група Д: Норвешка, Словенија, Полска, Фарски Острови
Група Е: Шведска, Холандија, Босна и Хецеговина, Грузија
Група Ф: Данска, Португалија, Чешка, Грција
Распоред на натпревари на сениорската репрезентација на Македонија:
10.01 18:00 часот Македонија – Франција, натпреварот ќе се оддигра на ” Меркур Шпил Арена” во Дизелдорф
14.01 20:30 часот Македонија – Германија, натпреварот ќе се оддигра на “Мерцедес Бенц Арена” во Берлин
16.01 18:00 часот Македонија – Швајцарија , натпреварот ќе се оддигра на “Мерцедес Бенц Арена” во Берлин