Сениорската машка ракометна репрезентација во периодот од 13 до 30 Јануари ќе настапи на Европско првенство во Унгарија и Словачка, а денеска на извлекувањето во Букурешт ги доби противниците групната фаза.
Македонија се најде во Групата А, заедно со селекциите на Словенија, Данска и Црна Гора , во ситуација каде двете најдобро-пласирани селекции од групата обезбедуваат учество во понатамошната фаза на ЕП.
Европско првенство, Унгарија и Словачка (13.01 – 30.01.2022):
Група A: Словенија, Данска, Македонија, Црна Гора
Група B: Португалија, Унгарија, Исланд, Холандија
Група Ц: Хрватска, Србија, Франција, Украина
Група Д: Германија, Австрија, Белорусија, Полска
Група Е: Шпанија, Шведска, Чешка, Босна и Херцеговина
Група Ф: Норвешка, Русија, Словачка, Литванија