Наши пријатели

Јуниорите поразени од Швајцарија во Квалификациите за ЕП 

juniorska reprezentacija

Македонската Јуниорска Репрезентација (У20) доживеа пораз од Швајцарија со 21-15 за почеток на Квалификациите за ЕП 2016.

Нашите јуниори одиграа одлично прво полувреме кое го завршија и со предност од 9-7 против фаворизираниот противник, сепак Швајцарија направи пресврт во текот на второто полувреме и стигна до конечен триумф од 6 голови разлика.

Во отсуство на Кузмановски и Талески кои се дел од сениорската репрезентација која пак паралелно со јуниорите игра квалификации за ЛОИ, Горан Крстевски беше најефикасен во нашиот тим со 4 голови, а Мартин Велковски и Давор Палевски додадоа по 3 гола. Уште во листата на стрелци се запишаа и Танкоски, Трпчевски и Арсеновски со по 1 постигнат гол.

Нашата јуниорска репрезентација квалификациите ги продолжува утре против селекцијата на Фарски Острови, која денеска направи изненадување во првото коло и одигра нерешено со Црна Гора (25-25). Квалификацискиот турнир за ЕП го завршуваме во недела со дуел против Црна Гора. Најдобропласираните две репрезентации од групата ќе обезбедат пласман на континенталниот собир.

Слични вести

Ракометна Федерација на Македонија, бул. "Кузман Јосифовски - Питу" бр. 15, 1000 Скопје © 2015 Copyright