Известување за извлекување на групите за претстојното Women’s EHF EURO 2024

Известување за извлекување на групите за претстојното Women’s EHF EURO 2024

Ве известуваме дека денеска 18.04.2024 година со почеток во 18.00 часот во Виена ќе биде организирано извлекувањето на натпреварувачките групи за националните селекции во женска сениорска категорија за учество на  претстојното Женско европско првенство Women’s EHF EURO 2024 кое во период од 28-ми ноември до 15-ти декември ќе биде органзиирано во Австрија, Унгарија и Швајцарија.

На претстојното Женско европско првенство Women’s EHF EURO 2024 за прв пат учество ќе земат 24 ракометни репрезентации.

На завршниот турнир на Европското првенство директно се квалификувани домаќините Австрија, Унгарија и Швајцарија како и актуелниот европски првак Норвешка.

Извлекувањето на групите ќе биде пренесувано во живо на EHFTV, како и на официјалниот YouTube канал на ЕХФ https://www.youtube.com/watch?v=xeTHCpXCev0.

Репрезентациите се поделени во 4 шешири, врз основа на одиграните квалификации и рангирањето на претходното Европско женско првенство Women’s EHF EURO 2022 година.

Македонската селекција е дел од третиот шешир откако го освои второто место во групата со Шпанија, Литванија и Азербејџан, заедно со селекциите на Хрватска, Србија, Словенија, Полска и Исланд.

Четири градови во земјите организатори ќе бидат домаќини на натпреварите за време на Европското првенство.

Натпреварувањето во прелиминарна фаза ќе биде органзизирано во три града Дебрецен , Базел и Инсбрук .

Натпреварите од главната фаза ќе бидат одиграни во Дебрецен и Виена, додека финалните натпревари ќе бидат одиграни во Виена.

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

Известување

Почитувани љубители на ракометот, Бидете информирани дека по барање на ракометните клубови учесници