Сениорките против Шведска Унгарија и Турција на Women’s EHF EURO 2024

Сениорките против Шведска Унгарија и Турција на Women’s EHF EURO 2024

Сениорската женска ракометна репрезентација на претстојното Женско европско првенство Women’s EHF EURO 2024 кое во период од 28-ми ноември до 15-ти декември ќе биде органзиирано во Австрија, Унгарија и Швајцарија ќе биде дел од групата А заедно репрезентациите на Шведска Унгарија и Турција.

Четири градови во земјите организатори ќе бидат домаќини на натпреварите за време на Европското првенство, а нашата сениорска селекција своите натпревари ќе ги игра во Дебрецин, Унгарија.

Европско првенство, Австрија, Унгарија и Швајцарија (28.11 – 10.12.2024):

Група A: Шведска, Унгарија, Македонија, Турција

Група Б: Црна Гора, Романија, Србија, Чешка

Група Ц: Франција, Шпанија, Полска, Португалија

Група Д: Данска, Швајцарија, Хрватска, Фарски Острови

Група Е: Норвешка, Австрија, Словенија, Словачка

Група Ф: Холандија, Германија, Исланд, Украина

Распоред на натпревари на сениорската женска репрезентација на Македонија:

28.11.2024 – Шведска – Македонија

30.11.2024 – Македонија – Турција

02.12.2024 – Македонија – Унгарија

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

Известување

Почитувани љубители на ракометот, Бидете информирани дека по барање на ракометните клубови учесници