Обрван на средба со ракометарите: Ова ми еден од најтешките професионални моменти како селектор во Македонија

Обрван на средба со ракометарите: Ова ми еден од најтешките професионални моменти како селектор во Македонија

Во рамки на финалните подготовки пред заминување на машката сениорска ракометна репрезентација на ЕП во Полска, селекторот Ивица Обрван попладнево одржа средба со сите ракометари, на која беа соопштени имињата на 17-те репрезентативци кои на 13 јануари ќе заминат за Краков.

Иако списокот има 17 графи, на него заслужија да се најдат многу повеќе репрезентативни имиња, кои периодов лавовски се бореа да ги докажат своите способности во континуитет, и успеаjа во тоа, објасни Обрван.

„Ова ми е еден од најтешките, ако не и најтежок професионален момент откако сум селектор на оваа репрезентација. Момците повеќе од било кога заслужуваат можност секој поединечно да остави придонес во бранењето на боите на националниот дрес. Но, желбите се едно, а правилата налагаат друго. Финалната селекција беше направена врз база на многу квалитативни, но и квантитативни параметри. Сакам да потенцирам пред македонската јавност дека ниту еден од оние ракометари кои нема да тргнат за Краков на 13-ти, не е елиминиран. Момците знаат дека треба да бидат спремни да одговорат на повикот за Краков доколку се укаже потреба за нивно присуство таму во текот на првенството“, изјави Обрван.

Тој дополни дека за среќа здравствениот билтен на репрезентацијата засега е солиден. Македонските репрезентативци заминуваат за Полска на 13-ти јануари во 12 часот, со чартер лет од Скопје за Краков.

Список на ракометари за Краков:
Борко Ристовски, Даниел Дупјачанец, Гоце Георгиевски, Влатко Митков, Кирил Лазаров, Наумче Мојсовски, Филип Миркуловски, Немања Прибак, Филип Кузмановски, Филип Лазаров, Дејан Манасков, Гоце Ојлески, Стојанче Стоилов, Жарко Пешевски, Никола Маркоски, Велко Маркоски, Ацо Јоновски

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

Известување

Ракометната Федерација на Македонија по претходно донесена одлука на Управниот Одбор, денес (14.11.2024