ЖРК Куманово го освои Купот на Македонија во женска конкуренција

ЖРК Куманово го освои Купот на Македонија во женска конкуренција

Ракометарките на Куманово во драматичен натпревар го совладаа Вардар во финалето од Купот на Македонија и го освоија престижниот трофеј од ова натпреварување.

Интересен и неизвесен натрпевар одиграа Куманово и Вардар во спортската сала “Куманово” во Куманово, во кој и покрај тоа што Куманово водеше во најголемиот дел од 60-те минути, Вардар успеваше до самиот крај да ја одржи неизвесноста. Куманово дојде до почетно водство од 3-1 кое го одржуваа до полувремето за предност од 11-09.

Второто полувреме му припадна на домаќинот кој успеа да дојде и до предност од пет погодоци (14-09). Екипата на Вардар не се предаваше и успеа да ја анулира предоста на Куманово и да обезбеди напад за изедначување на 13 секунди до крајот но не одираа најдобро, ја загубија топката, следеше црвен картон, а потоа од пенал Куманово ја обезбеди победата.

Конечен резултат на натпреварот Куманово – Вардар 24-22 (11-09) – записник од натпреварот.

Ана Шарановиќ со 7 голови беше најдобар стрелец во победничкиот тим, каде уште Трајковиќ Мила додаде 6 погодоци. Во тимот на Вардар, Трпевска Ивона беше најефикасна со 6 голови, додека Седлоска Андреа и Николиќ Милица  постигнаа по 4 погодоци.

По завршувањето на натпреварот, доделени беа и индивидуалните признанија. Симона Грујовска од Вардар го доби признанието за најдобар голман, а Ана Шарановиќ со вкупно 18 постигнати голови во двата натпревари беше најдобар стрелец. За најкорисен играч на турнирот (МВП) избрана беше Мила Трајковиќ од Куманово.

Екипата на Куманово успеа да дојде до првиот трофеј во својата историја. Вардар останува на шест трофеи во Куп на Македонија.

Kumanovo-Vardar kup

(Фото: Филип Вирановски, Gol.mk)

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести