Втора победа на сениорите на СП 2019 во Германија и Данска

Втора победа на сениорите на СП 2019 во Германија и Данска

Македонија го совлада Бахреин 28-23 и ја запиша втората победа на Светското првенство што се игра во Германија и Данска.

Македонската репрезентација ја презема контролата врз играта и резултатот во раната фаза од натпреварот. Поведовме со 6-2, а потоа следеше еден период во кој составот на Бахреин успеа да направи серија и да поведе со 7-6.

Македонскиот тим веднаш ја врати контролата, израмнивме на 7-7, а потоа до крајот на полувремето водството го зголемивме на 12-8.

Во второто полувреме репрезентацијата на Македонија го контролираше натпреварот, разликата од четири гола ја удвои, имавме максимални осум гола разлика за на крај натпреварот да заврши 28-23 за Македонија.

Кирил Лазаров со осум гола беше најефикасниот во македонската репрезентација, Филип Кузмановски и Дејан Манасков постигнаа по четири гола, за селекцијата на Бахреин најефикасен ракометар беше Алсајад Хусеин со 6 погодоци.

Официјален записник од натпреварот.

Македонија утре од 18:00 часот ќе игра против репрезентацијата на Хрватска во рамките на третото коло.

SP 2019 (rakomet) Makedonija-Bahrein 13.01.2019-3631 (1) SP 2019 (rakomet) Makedonija-Bahrein 13.01.2019-3588

 

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

Информација

Почитувани, Согласно член  32, 34, 35, 38, од Статутот на Ракометната Федерација на