Стручниот штаб и тренерот на машката младинска репрезентација Радослав Стојановиќ го објавуваат списокот на повикани ракометари за претстојните пријателски натпревари. Во рамки на ЕХФ националната недела нашата младинска репрезентација ќе оддигра пријателски средби против репрезентациите на Полска и Алжир.
Пријателските средби ќе бидат оддигра во полскиот град Олецко, а нашата младинска селекција на 13.03 ќе го оддигра првиот пријателски натпревар против селекцијата на Полска, а ден подоцна ќе оддигра уште една пријателска средба против селекцијата на Алжир.
Собирот е закажан на ден 10.03.2025 година (понеделник) со почеток во 13.00 часот во Хотел Карпош во Скопје.