Стручниот штаб и тренерот на машката младинска репрезентација, г-дин Радослав Стојановиќ го објавуваат поширокиот список на ракометари за претстојното IHF MEN’S U21 HANDBALL WORLD CHAMPIONSHIP POLAND.
Во рамки на ЕХФ неделата младинската селекција ќе оддигра пријателски средби против младински екипи од домашното првенство. На 08.05 е предвиден натпревар против младинската екипа на РК Бутел Скопје , ден подоцна против РК Вардар 1961 или РК Пролет 62.