Младинската машка ракометна репрезентација (У20) ќе ги продолжи подготовките во понеделник, а за собирот, ВД селекторот Александар Јовиќ повика 21 ракометар.
Собирот ќе се одржи на 28 март 2016 со почеток од 11:30 часот во Спортската Сала „Автокоманда“.
Нашата Младинска репрезентација се подготвува за настап на Квалификациите за пласман на ЕП 2016 година што ќе се игра во Данска. Домаќин на квалификацискиот турнир е Швајцарија, а натпреварите ќе се одиграат во градот Шафхаузен во периодот од 8 до 10 април. Најдобро-пласираните две репрезентации од групата ќе обезбедат учество на ЕП во Данска.
Распоред на натпревари:
08.04. (19:30) Македонија – Швајцарија
09.04. (17:00) Македонија – Фарски Острови
10.04. (10:30) Македонија – Црна Гора