Симе Симовски го објави списокот на ракометарки за ЕХФ неделата

Симе Симовски го објави списокот на ракометарки за ЕХФ неделата

Селекторот на женската сениорска репрезентација на Македонија, Симе Симовски, го објави списокот на ракометарки за ЕХФ неделата (18-24 март 2019 година). Во рамки на ЕХФ неделата сениорки ќе одиграат два контролни натпревари против репрезентацијата на Црна Гора.

Овие натпревари се контрола и подготовка на сениорките за настап во баражот за пласман на СП Јапонија. Противник на Македонија за пласман на Мундијалот е репрезентацијата на Словенија.

Список на ракометарки

Термини на одигрување на натпреварите:

  • 22.03.2019 (прв натпревар) во 17:00 часот во спортската сала „Автокоманда”
  • 23.03.2019 (втор натпревар) во 12:00 часот во спортската сала „Автокоманда”

Собирот е закажан за понеделник, 18 март 2019, со почеток во 09:30 часот во спортската сала „Автокоманда” во Скопје.

Натпреварите се од отворен карактер, влезот во салата е слободен.

 

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

Информација

Почитувани, Согласно член  32, 34, 35, 38, од Статутот на Ракометната Федерација на