Сениорките отпатуваа за Фарски Острови. Во петок почнуваат квалификациите за СП

Сениорките отпатуваа за Фарски Острови. Во петок почнуваат квалификациите за СП

Сениорската женска репрезентација на Македонија утрово отпатува за Торшавн, каде во периодот од петок до недела ќе ги одигра трите натпревари од квалификацискиот турнир за Светското Првенство 2017 година.

Избраничките на Симе Симовски се наоѓаат во група со Австрија, Исланд и домаќинот на турнирот Фарски Острови, а по одигрувањето на натпреварите, најдобрите две селекции од групата ќе обезбедат место во бараж натпреварите за СП што ќе се играат во јуни 2017 година.

Репрезентацијата на Македонија ќе ја сочинуваат 16 ракометарки: Јована Саздовска, Елена Ѓорѓијевска, Андреа Белеска, Теодора Керамичиева, Ивана Гакидова, Марија Николиќ, Матеја Серафимова, Сара Ристовска, Душица Ѓоргијевска, Наташа Антиќ, Елена Ливриниќ, Зорица Десподовска, Дајана Јовановска, Наташа Нолевска, Марија Прленда и Маја Трпковска.

Според распоредот, првиот натпревар го играме против Фарски Острови во петок од 21:00 часот, во сабота од 16:00 се среќаваме со Австрија, додека последниот меч од групата против Исланд нашите ракометарки ќе го одиграат во недела од 17:00 часот.

Пренос во живо од натпреварот може да се проследи на овој линк:
http://kvf.fo/webservice/player/event

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

Информација

Врска поведената постапка кон Делегатот-Контролор г-дин Марјан Начевски, по насока на Европскиот Арбитражен