Вечерва во СЦ Борис Трајковски женската сениорска репрезентација ја оствари третата победа во групата, со оваа победа е обезбеден бараж натпреварот за СП 2019 во Јапонија.
Сениорките беа поуспешни од репрезентацијата на Турција со конечен резултат 30:23, на полувреме 16:10.
Цврстата игра во одбараната и успешната реализација во нападот во текот на целиот натпревар овозможија победа за нашата женска репрезентација.
Сара Ристовска со 9 погодоци ја предводеше листата на стрелци пред Јована Саздовска која постигна 6 погодоци, додека за репрезентација на Турција по 5 погодоци постигнаа Гул Боздоган и Бејза Туркоглу.
Официјален записник од натпреварот.
Противникот на Македонија односно извлекувањето за бараж натпреварите ќе биде познат на 16 декември .