Сениорките ги добија противниците во Квалификациите за ЕП 2018

Сениорките ги добија противниците во Квалификациите за ЕП 2018

Викендов во Париз беа извлечени групите од Квалификациите за ЕП Жени 2018 година што ќе се игра во Франција. Македонија се најде во група со Шведска, Србија и победникот од првата претквалификациска група во која учествуваат Грција, Фарски Острови и Финска.

Избраничките на Симе Симовски пред овој предизвик, во јуни ги очекува бараж двомечот со Шведска за пласман на СП Германија 2017, каде ќе имаат можност подобро и да се запознаат со противникот кој ќе ги очекува и во Квалификациите за ЕП 2018. Селекцијата на Србија е добро познат противник за нашата репрезентација, имајќи во предвид дека на средината на месец март токму против Србинките нашите ракометарки одиграа два пријателски натпревари, а последниот противник ќе биде познат по одигрувањето на турнирот од претквалификациите на кој ќе настапат Грција, Фарски Острови и Финска. Турнирот се игра во јуни, а домаќин и организатор ќе биде Грција.

Најдобропласираните две репрезентации од нашата квалификациска група, заедно со најдобрата третопласирана секелција од сите седум квалификациски групи, ќе обезбедат учество во Франција 2018.

Квалификации за ЕП 2018, распоред на натпревари:
27-29.09.2017, Шведска – Македонија
30.09-01.10.2017, Македонија – Србија
21-22.03.2018, Победник на претквалификации – Македонија
24-25.03.2018, Македонија – Победник на претквалификации
30-31.03.2018, Македонија – Шведска
02-03.06.2018, Србија – Македонија

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести