Сениорската машка репрезентација на Македонија со победа против репрезентацијата на Јужна Кореја заврши со учеството на 28-то издание на Мундијалот што се одржува во Шведска и Полска.
По остварената победа против Јужна Кореа (рез. 33:36), сениорите се пласираа на 27-та позиција на Мундијалот.
оведните десетина минути од натпреварот се играше израмнето, со повеќе нереализирани шутеви од двете страни. Како се развиваше мечот, Македонија ја преземаше контролата и поведе со 06-11 по петнаесет минути игра, но потоа ракометарите на Кореја со брз и атрактивен ракомет влегоа во серија и успеаа да се вратат во натпреварот. Погодоци постигнуваа Ким и Џин, а резулатот на семафорот беше 11:13. Следеа неколку неуспешни напади на нашата репрезентација, а ракометарите на Кореја ја користеа нашата неефикасност. На полувреме се замина со резултат 19:20 за Македонија.


Следеше многу интересен натпревар во второто полувреме, нашата селекција започна со два брзи погодоци преку Ѓоргиев и Талески, но ракометарите на Кореја не се предадоа по седум минути игра во второто полувреме стигнаа до нерешен резултат 23:23. Се играше егал натпревар, а ракометарите на Кореја во четириесет и третата минута го запишаа и првото водство на натпреварот 27:26, но до крајот ракометарите на Македонија, преку Петар Атанасијевич кој постигна 4 погодоци по ред успеаа да стигнат до предост од два гола. Средбата за конечен пласман на 27-та позиција на Мундијалот заврши со победа на Македонија со резултат 33:36.


Филип Кузмановски беше најефикасен за нашата селекција со осум погодоци, следеше Костески со шест погодоци, а пет постигна Мартин Серафимов.
Следни натпревари за селекцијата на Македонија се против Португалија во квалификациите за ЕП 2024 во Германија.
