РК Вардар 1961 и РК Еурофарм Пелистер во финалето на Куп на Македонија

РК Вардар 1961 и РК Еурофарм Пелистер во финалето на Куп на Македонија

Екипите на РК Вардар 1961 и РК Еурофарм Пелистер со победите против РК Еурофарм Пелистер 2, односно РК Бутел Скопје во полуфиналето од финалниот турнирот во Купот на Македонија што се игра во спортската сала “Јасмин” во Кавадарци, обезбедија меѓусебна пресметка во борба за трофејот.

Првиот натпревар се одигра помеѓу РК Вардар 1961 и РК Еурофарм Пелистер 2. Почетокот на првото полувреме беше во знакот на РК Еурофарм Пелистер 2 кој успеа да направи предност од два погодоци (1:3). Екипата на РК Вардар 1961 резултатски се врати во натпреварот и комплетно ја превзема контролата на натпреварот, со цврста игра во одбраната и сигурен напад водството успеаа да го зачуваат до крај на полувремето. Полувремето заврши 13-11 во корист на РК Вардар 1961.

Во второто полувреме РК Вардар 1961 возпостави брз ритам на игра, а како резултат ја имаше својата најголема предност од пет погодоци (25:20). Тимот на РК Еурофарм Пелистер 2 најмногу што успеа е да се приближи на два гола негатива (25:23). Тимот на РК Вардар 1961 знаеше да го задржи водството за конечен триумф од 28-24 (записник од натпревар).

Вториот полуфинален натпревар од ракометниот се одигра помеѓу екипите на РК Еурофарм Пелистер и РК Бутел Скопје. Првото полувреме беше во знакот на РК Еурофарм Пелистер, и во 24-тата минута од натпреварот го запишаа и наголемото водство од седум погодоци (14:07). Полувремето заврши 16:09 во корист за екипата на РК Еурофарм Пелистер. РК Бутел Скопје во вториот дел најмногу што успеа е да се приближи на три погодоци негатива (21:18), но не успеаа да направат резултатски пресврт до крај на натпреварот. Конече резултат на натпреварот 25:21 (записник од натпревар).

Финалниот натпревар од ракометниот куп помеѓу РК Вардар 1961 и РК Еурофарм Пелистер е во недела 15.05.2022 со почеток во 19:30 часот со директен пренос на МРТ и на YouTube каналот на РФМ

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести