РК Вардар 1961 и РК Еурофарм Пелистер во финалето на Куп на Македонија

РК Вардар 1961 и РК Еурофарм Пелистер во финалето на Куп на Македонија

Екипите на РК Вардар 1961 и РК Еурофарм Пелистер со победите против РК Металург, односно РК Бутел Скопје во полуфиналето од турнирот во Купот на Македонија што се игра во спортската сала “Автокоманда”, обезбедија меѓусебна пресметка во борба за трофејот.

Првиот натпревар се одигра помеѓу РК Вардар 1961 и РК Металург. Почетокот на првото полувреме беше во знакот на Рк Вардар кој успеа да направи предност од пет погодоци (8:3). Екипата на РК Металург успеа резултатски да се врати во натпреварот и успеа резутатски да поведе со еден погодок, но не успеаа да го зачуваат до крај на полувремето. Полувремето заврши 14-12 во корист на РК Вардар 1961. Во второто полувреме РК Вардар комплетно ја превзема контролата на натпреварот, со цврста игра во одбраната и сигурен напад успеаа да дојдат до највисоката предност од седум погодоци (19:12). Ракометарите на Вардар го задржаа водството за конечен триумф од 27:22.

На втората средба во салата „Автокоманда“, РК Бутел Скопје одигра добар натпревар до првата половина од првото полувреме во која неколкупати се наоѓаше и во водство, сепак пред паузата Вардар успеа да се одлепи и да поведе со 09:16. Во второто полувреме екипата на РК Еурофарм Пелистер не дозволи изненадување на натпреварот и славеше со резултат 23:38.

Финалето помеѓу РК Вардар 1961 и РК Еурофарм Пелистер е закажано за 15.05.2021 (сабота) во спортската сала “Автокоманда” во 17:30 часот со директен пренос на МРТ 1 или на YouTube каналот на РФМ (https://www.youtube.com/watch?v=-8jUN38XZFg).

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

Известување

Почитувани љубители на ракометот, Ве известуваме дека на 04.09.2024 (среда) со почеток во 19.00