РК Вардар 1961 е освојувач на Купот на Македонија во машка конкуренција

РК Вардар 1961 е освојувач на Купот на Македонија во машка конкуренција

Вечерва во спортската салата “Билјанини Извори” во Охрид се одигра еуфоричен, неизвесен и сензационален финален натпревар помеѓу РК Вардар 1961 и РК Еурофарм Пелистер.

Првото полувреме започна одлично за ракометарите на РК Вардар 1961 и го отворија натпреварот со водство од три погодоци (04:01), за подоцна во 16-тата минута од натпреварот да го запишат и најголемото водство (10:05). Водството ракометарите на РК Вардар 1961 го одржуваа до крајот на полувремето (16:12).

Второто полувреме се играше слично на првото, односно ракометарите на РК Вардар 1961 високото водство оддржуваа скоро до крајот на натпреварот, кога ракометарите на РК Еурофарм Пелистер успеаа да намалат гол негатива 24:23, но сепак не успеаа да направат целосен пресврт на на натпреварот кој завриши со победа на РК Вардар 1961 со резултат 26:25.

По завршување на натпреварот се оддржа церемонија на која се доделија пехарот и медалите , и индивидуалните признаниа на ракометарите.

Пехарот беше доделен од страна на Претседателот на Ракометанта Федерација, г-дин Живко Мукаетов, медаите ги додели градоначалникот на општина Охрид Кирил Пецаков, а индивидуалните признаниа беа доделени од страна на Генералниот секретар на Ракометаната Федерација, г-дин Филип Милошевски.

Индивидуални признаниа:

МВП – Леонардо Дутра – РК ВАРДАР 1961

Најдобар голман: Борко Ристовски – РК ВАРДАР 1961

Најдобар стрелец: Дејан Манасков – 12 погодоци

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести