РК Еурофарм Пелистер и РК Вардар 1961 ќе се борат за Супер Куп трофејот

РК Еурофарм Пелистер и РК Вардар 1961 ќе се борат за Супер Куп трофејот

На 06.09.2023 (среда) во Спортска сала „Парк“ во Струмица ќе се одигра Супер Куп натпреварот помеѓу екипите на РК Еурофарм Пелистер и РК Вардар 1961.

Шампионот за натпрварувачка сезона 2022/23, екипата на РК Еурофарм Пелистер од Битола, ќе се сретне со освојувачот на Куп на Македонија за сезона 2022/23, тимот на РК Вардар 1961 од Скопје.

Двете екипи минатата сезона се сретнаа во финалето од Супер Куп на Македонија што се играше во Охрид во Спортската сала „Билјанини извори“, а на таа средба славеше РК Еурофарм Пелистер со резултат 23:22.

Натпреварот ќе се емитува во живо на МРТ.

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

Известување

Почитувани љубители на ракометот, Бидете информирани дека по барање на ракометните клубови учесници