РК Еурофарм Пелистер е освојувач на Супер Куп трофејот

РК Еурофарм Пелистер е освојувач на Супер Куп трофејот

Вечерва во СЦ “Борис Трајковски” се одигра натпреварот од Супер Куп на Македонија помеѓу екипите на РК Вардар 1961 и РК Еурофарм Пелистер. Екипата на РК Еурофарм Пелистер славеше во дуелот со резултат 31:22.

РК Вардар 1961 прв поведе и успеа во период од десетина минути да одржува водство од два до три гола разлика (07:04, 09:06). Потоа следеше десетминутен период во кој се водеше голема битка за секој гол, а РК Еурофарм Пелистер во 20-тата минута од мечот израмни (10-10), до крајот на полувремето се играше гол за гол и резултатот беше изедначен (14:14).

Во второто полувреме, ЕК Еурофарм Пелистер ја искористи својата цврста игра во обраната и успеа да поведе со високи четири гола разлика (16:20), разликата до крајот на натпреварот постојано растеше во корист на РК Еурофарм Пелистер и натпреварот заврши со конечни 31:22.

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести