РК Еурофарм Пелистер е освојувач на Супер Куп трофејот

РК Еурофарм Пелистер е освојувач на Супер Куп трофејот

Вечерва во СРЦ “Билјанини Извори” во Охрид се одигра натпреварот од Супер Куп на Македонија помеѓу екипите на РК Вардар 1961 и РК Еурофарм Пелистер. Екипата на РК Еурофарм Пелистер славеше во дуелот со резултат 22:23.

РК Вардар 1961 прв поведе на натпреварот преку Карапалевски и успеа во период од десетина минути да одржува водство. Првото изедначување беше во 15-тата минута од натпреварот кога ракометарите на РК Еурофарм Пелистер успеаа да го изденачат резулатот на 05:05 со погодокот на Васиљев. До крајот на полувремето се играше гол за гол и резултатот беше изедначен (12:12).

Во второто полувреме, ракометарите на РК Еурофарм Пелистер ја искористија својата цврста игра во обраната и успеаа да поведат со високи три погодоци предност 12:15. Серијата на ракометарите на РК Еурофарм го принудиа тренерот на РК Вардар 1961 Недановски да побара минута одмор. По тајм аутот следеше поорганизирана игра на ракометарите на РК Вардар 1961 во одбраната и посигурен напад, а како резултат следеше серија од 5:0 преку погодоците на Талески и Манасков.

Ракометарите на РК Вардар 1961 предност од два погодици ја оддржуваа се до последнте минути од натпреварот, кога Пешевски го изедначи резултатот на 22:22, а погодокот за победа на РК Еурофарм Пелистер го постигна Суси. Ракометарите на РК Вардар 1961 имаа напад за изедначување на резултат но не успеаа да реализираат.

Натпреварот заврши 23:22 за РК Еурофарм Пелистер, а најефикасни играчи на натпреварот беа Талески Филип со десет погодоци за РК Вардар 1961, а кај победничката екипа најефикасен беше Хосни со седум погодоци.

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести